Не може манифестација која се одржува кај нас да не помине без инциденти . Идиличната слика за добрата оргзнизација на охридскиот триатлон натпревар беше расипана откако еден од натпреварувачите беше “прегазен“ од страна на несовесните возачи.
И покрај апелот на организаторот на оваа манифестација и општината Охрид до возачите на моторни возила да бидат претпазливи и да возат внимателно на патниот правец од „Билјанини извори“ до „Св. Стефан“ во времето од 11 до 14 часот заради безбедност на учесниците во триатлон трката, сообраќајот се одвиваше со несмален интензитет.
Сепак дел од вината оди на адреса на организаторите бидејќи влезот на потегот пред Хидробиолошки за вклучување на автопатот, не беше прописно и навремено обезебеден. Од “Црвениот крст“ еден од соорганизаторите на овај натпревар не инфомираа дека натпреварувачот поминал без посериозни последици.
И покрај нашите напори да дознаеме кој е натпреварувчот кој беше “полесно“ повреден, организаторот не сакаше да ни го открие неговото име велејќи ни дека возачот само се лизнал на патеката.
Фото : Емилио
М.Постоловски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com