Триатлон клубот „Триоџи Рејсинг“ од Скопје со вкупно 30 натпреварувачи во младинските возрасни групи ќе настапи на Јуниорскиот европски куп и Националното триатлон првенство кое ќе се одржи на 6 и 7 јули во Охрид. За што подобра подготвеност членовите на скопскиот клуб недела дена напорно тренираат и ја билдаат формата за престојниот предизвик.

  • Одлучивме да допатуваме порано во Охрид и да одработиме едни мини подготовки. Охрид како град нуди перфектни услови во летниот период и сакавме да ги искористиме. На триатланот настанот ќе настапат наши 28 натпреварувачи и двајца кои ќе ни се приклучат од Струга. – изјави тренерот во клубот, Данчо Георгиески.

Триатлонот во светски рамки зема се поголем замав, а истиот случај е во нашата земја. Триатлонот како спорт е многу специфичен затоа што е сочинет од три спортови (пливање, возење велосипед и трчање“.

  • Токму во специфичноста луѓето наоѓаат предизвик. Некој ќе биде добар во пливање, друг во трчање или велосипедизам затоа триатлонот е непредвидлив и многу интересен. Во светот триатлонот е многу популарен, а гледам голем интерес во нашата земја. Мене многу ме радува што многу млади се одлучуваат да се занимаваат со триатлон, што значи база за нешто повеќе во иднинa. – додаде Георгиески.

Охрид и охриѓани ќе имаат нова прилика да уживаат во магијата на триатлонот. В сабота натпреварувачи ќе тренираат на трасата, додека в недела со почеток во 8 часот ќе започнат трките кои ќе бидат поделени во возрасни категории.

OhridNews