Триатлон федерацијата на Македонија (ТФМ) и Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите – сите за Спорт“ со помош од Општина Охрид и Агенцијата за спорт млади викендов организираа Триатлон од европски размери без грешка.

Најдобрите триатлонци во сите возрасти продефилираа во Охрид учествувајќи на првиот спортски настан од ваков вид. Безбедноста на натпреварувачите која беше најголема обврска на организаторите беше на највисоко ниво благодарејќи на СВР Охрид, а за здравјето се грижеше Црвениот крст од Охрид.

По некое непишано правило најголеми овации и аплаузи од публиката собраа најмладите, најстарите и штафетната трка. Глетката кога во вода и на копно се натпреваруваат дечињата беше непроценлива, а иста таква беше кога најстарите со последните сили се борат за подобро време.

Фото: Мега продукција и Михаил Постоловски

OhridNews