Охриѓанецот Милан Китевски кој ги брани боите на пливачкиот клуб Струга освои три златни одличја на Зимското првенство за помлади пионери, постари пионери, кадети, младинци и сениори кое се одржа на 25 и 26 март во Скопје.
Китевски во голема конкуренција резултати вредни златен медал оствари на трките на 200, 100 и 50 метри во дисциплината градно. Одличјата и резултатите се многу повредни, бидејќи пливачите од Струга повеќе од десет години немаат соодветни услови за тренинг. Формата во поголем дел од годината ја одржуваат во базенот од хотелот „Мираж“ кој им излезе во пресрет на пливачите.
На Зимското првенство во најдобрите десет во своите категории пласман обезбедија Тијана Переска Тијана Переска 50 метри грбно и 100 м. краул, Марко Коскоски 50 м. и грбно 100 м. краул, Леа Георгиеска м. 100 градно и Габриел Костовски 50 м. грбно и 100 м. краул.
Инаку, на Зимското првенство за помлади пионери, постари пионери, кадети, младинци и сениори учествуваа 13 клубови од Македонија, а се натпреваруваа 220 пливачи во сите категории и дисциплини.
OhridNews