Боксерскиот клуб Алексо Огненоски од Охрид се закити со три златни одличја на Меѓународниот турнир „Меч на Шампионите“ кој се одржа во организација на клубот Аперкат во Скопје.
Најсветлите одличја во витрините на клубот ги донесоа младите Сашо Петрески, Димитар Ѓорески и јуниорот Петар Шипинкоски кој триумфираше доминатно на поени во категоријата до 81 килограм против боксер од Косово.
Со овие медали и оние претходно од Државното првенство охридските боксери најавуваат враќање на успешните патеки по кои гордо чекореа десеттина години.
OhridNews