Во Мелбурн, Австралија за прв пат од 13, 14 и 15 Март 2015 години се одржа „Arnold Schwarzenegger classic Karate International Championship“, на кој учествуваше и македонскиот преставник Пеце Наумоски од клубот „ГИВ“.
Во сите три категории во кои се натпреваруваше Наумоски го освои првото место, а на интернациолниот турнир учествуваа каратисти од 20 држави.
– Моја најголема гордост е кога учествувам на натпревар и се борам за боите на мојата најмила и најсакана Македонија, ја користам сета моја сила и сето мое знаење и мислам само на победа. А пред се со божја помош, пред секој мој голем натпревар го посетувам Отец Гаврил во Манастирот Св. Прохор Пчински, кој секогаш одвојува од неговото време да поразговараме и ми дава благослов за лесни победи. – рече Наумоски.
Специјален гостин на интернационалниот турнир бил Арнолд Шварцанегер по кој и го носи името натпреварувањето.
– Срекен сум што во мојата колекција ги внесов и овие три прекрасни медали а уште сум посреќен кога со гордост пред целата публика го наметнав Македонското знаме и се искачив на педестријалот да застанам на првото место, а јас ја осеќав мојата крв како течи низ моите вени и како чука моето срце побрзо отколку кога сум во рингот , а во моите мисли само една мисла имам а тоа е „Се само за мојата мајка Македонија“. Јас сум Македонски херој со мојата храброст а силата е во моите раце и нозе. – додаде Наумоски.
Ohridnews