Охридската атлетичарка Марија Јованоска брилира на стартот од новата сезона во „кралицата на спортовите“. Јованоска во Купот на Македонија кој се одржа изминатиов викенд во Скопје освои три златни одличја во конкуренција младинци.
Охриѓанката триумфираше на трките 100, 200 и 400 метри и уште еднаш го докажа својот квалитет како најдобра атлетичарка во младинските категории.
Од успехот на Јованоска профитираше и Атлетскиот клуб Охрид кој заврши на третата позиција во женска конкуренција, а четврти во севкупниот пласман.
OhridNews