На вториот по ред меѓународен меморијален турнир „Мирослав Петровиќ”, кој се одржа викендов во Куманово, охридските боксери од клубот „Алексо Огненовски” се претставија во одлично светло, борејќи се храбро и пожртвувано и освоија 3 златни, 1 сребрен медал и пехар за најборбен пар.
Со златни медали се закитија Димитар Ѓорески кој го победи противникот од Црна Гора со прекин во втората рунда, Енис Алиу кој го победи противникот од Пелистер и Арсим Етеми совладувајќи го противникот од Косово Ремзо Мустафиќ освојувач на бронзен медал од европското првенство во Будва минатата година.
Сребрен медал освои Христијан Тодороски кој беше поразен од боксерот од Куба, Антонио Бисет кој воедно беше избран и за најдобар странски боксер на турнирот.
Наградата за најборбен пар им припадна на нашиот Арсим Етеми и косовскиот претсавник Ремзо Мустафиќ.
OhridNews