Уште еден фантастичен викенд за ЏК Дрим Струга. Џудистите од клубот се закитија со три златни и еден сребрен медал на меѓународниот натпревар „Трофеј Пантера” во Бијељина, Р. Српска, БиХ каде што настапија со осум натпреварувачи.

Златни медали освоија Анамарија Стојмиловска во категоријата У18, Дариан Ночески У13 и Мила Стојмиловска У13, додека сребрен медал освои Мила Стојанова У11. Петто место освоија Божидар Јуловски, Софиа Ноческа, Давид Спироски и Драгица Рафтоска.

Од ЏК Дрим Струга изразуваат благодарност до организаторот Џудо клуб Пантер Бијељина за успешната организација и гостопримството.

OhridNews