Надежниот македонски пливач Димитар Камнаровски освои пет одличја во шест дисциплини во кои се натпреваруваше на на „Еуреџио“ купот во Ахен, Германија, на кој учествуваа повеќе од 400 пливачи.


Најсветлиот медал Камнаровски го освои во три дисциплини и тоа 100 метри грбно (1.10.34), 50 метри краул (28.71) и 50 метри грбно (32.67), а на 50 метри делфин (36.75) и 100 метри делфин (1.22.29) се закити со сребрноодличје.


Без медал остана на 200 метри делфин откако финишираше на четврата позиција.

Мх.П.