Карате клубот „ЧОЛЕ“ од Охрид во неделата зеде учество на меѓународниот турнир „ИПОН КУП“ во Лесковац – Србија, со четворица свои натпреварувачи кои освоија три златни и една сребрена медаља.
   
Медалите ги освоија:
•    ТОТИЌ АЛМИНА  злато во категорија борби поединечно +58 килограми
•    ТОТИЌ ВЕЗИРА  злато во категорија борби поединечно -58 килограми
•    СИМОНА ТРАЈАНОСКА сребро во категорија борби поединечно -58 килограми
•    ТЕОДОРА ЦВЕТКОВИЌ злато во категорија ката поединечно

Ohridnews