На инфективната клиника во Скопје во последното деноноќие починале тројца пациенти кои неколку денови биле приклучени на апарати за вештачко дишење и припаѓале на т.н. ризична група, хронично болни, пренесоа националните медиуми.

Се работи за маж на 57-годишна возраст и две жени, едната на 71 година , а втората на 75-годишна возраст.

Со последните случаи, бројот на починати од свинскиот грип во Македонија се зголеми на 12.

Ohridnews