Откако супермоделот Адриана Лима објавила дека е бремена, на сајтот на модната куќа „Викторија Сикрет“ се појавило соопштение дека сега официјално постојат три бремени „ангели“, и тоа Адриана Лима, Алесандра Амброзио и Лили Олдриџ. Трите убавици сигурно од пистите ќе отсуствуваат кратко, со оглед на тоа што после првите породувања Адриана и Алесандра побрзале да си ја повратат линијата и да се вратат во јатото.

Бразилската убавица и кошаркарот Марко Јариќ го чекаат своето второ дете. САмо четири месеци по своето прво породување Лима се вратила на модните писти. И Алесандра Амброзио го чека своето второ дете, и тоа со вереникот Џејми Мазур. Таа во ноември минатата година на ревијата на „Викторија Сикрет“ веќе била во вториот месец од бременоста, но тоа успешно го сокрила. Неколку дена откако се дознало за нејзината бременост и Лили Олдриџ објавила дека е бремена. Убавицата родена во Калифорнија го очекува своето прво дете со пејачот на групата „Kings of Leon“, Кејбел Фоловил. Се венчале во мај 2010 година.