Убавата насмевка ве прави да изгледате посвежно и поздраво. Методите за белење заби неретко се многу болни за нашите заби и непца. Чувствителноста на производите за белење заби е привремена, но болката може да биде интензивна. Стоматолозите откриваат неколку начини за намалување на болката при белењето на забите.
Најпрво направете подготовка: Земете паста за заби која содржи калиум нитрат, минералите кои ги содржи пастата се добри за забите и со тоа се намалува и притисокот врз нервите. Се препорачува четкање на забите со таква паста најмалку две недели пред белење, и пред и после секој третман.
Бидете трпеливи: Секој сака веднаш да има прекрасна бела насмевка. Доколку вашите непца се воспалени ако скокнете еден ден од белење на забите тоа нема да го попречи вашиот напредок. Сето тоа ќе го има истиот резултат. Ако вашите непца се многу чувствителни немојте да користите домашни третмани за белење заби кои ветуваат резултат за помалку од десет дена.
Користете правилни лекови за намалување на болка.