Во текот на минатата недела на подрачјето на општина Охрид се случиле 11 кражби, од што 3 кривични дела тешка кражба, соопшти СВР Охрид.

Во Охрид, како што се наведува во полицискиот билтен, изминатата недела  регистриран е и еден  случај на нарушување на јавниот ред и мир, одземено е  едно моторно возило, а се случила и  една сообраќајна несреќа во градот во која била предизвикана само материјална штета.
 
На подрачјето на Органот за внатрешни работи Струга, регистрирани се три кривични дела кражба, две нарушувања на јавниот ред и мир, како и една сообраќајна незгода со предизвикана материјална штета.

ohridnews