Жителите на струшките села Велешта, Делогожда и Горна Белица во иднина ќе добијат нови водоводни системи. За таа цел надлежните служби во општина Струга деновиве објавија Јавен оглас за изведба овие проекти, чија реализацијата ќе чини околу 48.000 евра или точно 2.966.101,70 денари.

Според огласот кој е објавен преку Електронскиот систем за јавни набавки, во селата Велешта и Делогожда ќе треба да се изведат нови бушотини за вода, а во селото Горна Белица ќе треба да се поправи и санира главниот доводен цевковод во собирната комора.

Крајниот рок за доставување на понудите за изведба на овие преокти  е 22-ри мај 2015 година.

OhridNews