На 02.09.2024 околу 20.30 часот на ул. „7 Ноември“ во Охрид, полициски службеници привеле 21, 18 и 20 годишни лица, сите од Охрид, додека еден малолетник од Охрид е повикан на службен разговор затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

При приведувањето, кај 20 годишното лице биле пронајдени и одземени марихуана и грендер со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 02.09.2024 во 18.50 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле две лица од Охрид на возраст од 49 и 70 години.

Тие се сомничат дека околу 17.50 часот, по претходно случена сообраќајна незгода, физички и со метални предмети нападнале 43 годишно лице од с.Лешани, општина Дебрца. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 02.09.2024 во 16.20 часот во СВР Охрид, 68 годишно лице од Охрид пријавил дека во дворно место на ул.„Галичица“ едно лице физички го нападнало, при што во раката имало и остар предмет.

Се работи на расчистување на случајот, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews