Паркинг арената во Сент Чарлс била полна со автмобили и луѓе кои отишле да гледаат циркуска претстава. Но, како што известуваат медиумите, настанал вистински хаос кога било откриено дека три слона побегнале од циркусот и изгубено лутале по паркингот.
Портпаролот на циркусот по инцидентот објавил дека чуварите ги смириле слоновите кои сега се „одмараат во своите удобни легла“. Полицијата објавила дека животните оштетиле само неколку автомобили и вратата на арената.