Новиот проект во македонскиот ракомет Работнички екипата ја засили со три ракометари кои ги бранат боите на македонската селекција.

Браќата Никола и Велко Маркоски и Златко Мојсоски се првите засилувања во клубот кој треба да го воскресне „духот“ на Металург.

Никола и Велко по заминувањето од Металург се преселија во Зомимак, а по само шест месеци направија трансфер во Работнички зад кој стои поранешниот директор во клубот од Автокоманда, Ристо Чокрев.

Десното крило Мојсоски минатата сезона ја мина во Прилеп, а со потпишување негово и двоецот Маркоски се потврдуваат намерите за формирање на стабилен клуб.

Околу нови ракометари кои би го засилиле клубот се споменуваат македонските репрезентативци Наумче Мојсоски и Ренато Вугринец, а „бомба“ на летниот преоден рок би било враќањето на Дарко Станиќ во македонскиот ракомет.

Ohridnews