Охридските боксери освоија три први места на државните боксерски првенства кои викендов се одржаа во Македонска Каменица и Виница.


Во кадетска конекуренција охриѓанецот  Димче Шопоски победи во категоријата до 66 кг, во јунирска конкуренција Марјан Трајчески победи во категоријата до 54 кг , додека во сениорската конкуренција во категоријата до 64 кг триумфираше Сашо Лескароски.

На најмасовното поединечно првенство на Македонија во бокс со учествуваа над 60 натпреварувачи од 10 клуба: Скопје, Тернипе, Шкупи, Фајтер Илери, Куманово 1947, Баргала, АС, Охрид, Синди и Торос.

Ohridnews