Поради државни и верски празници во текот на месец мај ќе има три продолжени викенди.
Неработен ден за сите граѓани на Република Македонија е Денот на трудот, 1-ви мај, кој годинава е во петок, што значи дека ќе биде дел од продолжен викенд.
Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“ е на 24-ти мај во недела, што значи дека неработен ден ќе биде 25-ти мај (понеделник), па граѓаните на Македонија ќе имаат уште еден подолжен викенд во текот на наредниот месец.
По три дена работа, православните верници ги очекува уште еден неработен ден – петок, 29-ти мај кога се празнува православниот празник Духовден, кој исто така ќе биде во рамки на продолжен викенд
OhridNews