LEVERKUSEN-KAISERSLAUTERN 1 (1.45)

Вечерва во Германија се игра DFB Pokal купот.Се играат три натпревари,а нашиот избор е екипата на Леверкузен,која годинава тешко дека ќе ја освои титулата првак во Бундес лигата,па еднинствена шанса е некако да го добие купот на Германија.

Леверкузен игра во првата Бундес лига,се наоѓа на втората позиција и во последните 5 натпревари има 2 победи (последните два натпревари) и 3 порази.

Додека екипата на Каизерслаутерн игра во втората Бундес лига,се наоѓа на третата позиција и би било подобро да се сконцентрира на влез во првата лига.

Каизерслаутерн во последните 5 натпревари од втората Бундес лига е идентична како својот противник со 2 победи (последните два натпревари) и 3 порази.

И традицијата е на страната на Леверкузен,имено овие две екипи во историјата имаат одиграно 8 натпревари каде Леверкузен издвојувале победа 5 пати,претрпеле 1 пораз и одиграле 2 пати нерешено.

NEWCASTLE-TOTTENHAM X2 (1.4)

Вечерва се затвара 26-то коло од англиската Премиер лига.Еден од нашите избори е натпреварот Њукасл-Тотенхем,а типуваме со Х2 во корист на Тотенхем.

По продавање на нивниот најдобар поедниец од средниот ред Јохан Кабаје екипата на Њукасл не може да сврзе две акции и во моментов можеби се и екипата со најлоша игра во премиер лигата.

Њукасл во последните 5 натпревари имаат 1 победа против Вест Хем,1 нерешен натпревар против екипата на Хал и 3 порази против екипите на Челзи,Сандерленд и Манчестер Сити.

Од друга страна пак Тотенхем во последните 5 натпревари имаат 3 победи,1 пораз од Манчестер Сити и 1 нерешен натпревар со Хал.

И традицијата е на страна ма Тотенхем,која во меѓусебните натпревари со Њукасл има 63 победи,33 нерешени натпревари 55 порази.

FULHAM-LIVERPOOL 2 (1.45)

Нашиот следен избор од Премиер лигата е екипата на Ливерпул,која во саботата ја торпедираше екипата на Арсенал со 5:1. Eкипата на Ливерпул е пак во форма и е без респект и немилосрдна кон сите противници.

Во последните 5 натпревари Ливерпул имаат 3 победи и 2 нерешени натпревари,се наоѓа на 4 позиција со 7 бодови негатива во однос на водечкиот Челзи,но и со натпревар помалку.

Додека пак Фулам оваа година е во лоша форма и игра за опстанок,а се наоѓа на последната позиција со 20 бодови и 4 бодови негатива во однос на екипата на граница ВБА. Фулам во последните 5 натпревари имаат 1 нерешен,оној со Манчестер Јунајтед и 4 порази.

И традицијата е на страната на Ливерпул која има 38 победи,17 нерешени и 12 порази. Останува да видиме вечерва дали Ливерпул ќе успее да ги расипе сметките на водечкото трио.