Valencia-Dynamo Kyiv 1 (1.55)
Вечерва се играат реванш натпреварите од Лига Европа.Играат Валенсија и Динамо Киев.Наш избор е екипата на Валенсија која влегува со позитива од 2 гола постигнати како гостин во минатонеделниот натпревар.
Валенсија во шпанската Примера се наоѓа на 8-та позиција и во последните 5 натпревари има 3 победи (Гранада 2:1,Бетис 5:0,Барселона 2:3) и 2 нерешени натпревари (Севиља 0:0,Еспањол 2:2).
Од друга страна екипата на Динамо во украинската Премиер лига се наоѓаат на 3-та позиција и во последните 5 натпревари имаат 4 победи и 1 пораз. Досега овие две екипи играле 3 пати еднаш победила Валенсија и 2 пати завршиле без победник.
AZ Alkmaar-Liberec 1 (1.55)
Друг интересен натпревар за вечерва е натпреварот Аз Алкмар-Либерец.Ние типуваме за домаќинот кој веќе е со една нога во осмина финалето,со 1 гол позитива од предходниот натпревар.
Аз во холандската Ередивисе лига се наоѓа на 7-та позиција и на последните 5 натпревари има 2 победи (Витезе 0:2,Гронинген 2:0),1 нерешен натпревар со екипата на Утрехт со резултат 1:1 и 2 порази (Ајакс 4:0,Г.А. Иглс 2:1).
Од друга страна пак екипата на Либерец игра во чешката Гамбирус лига и се наоѓа на 6-та позиција,а во последните 5 натпревари има 3 нерешени натпревари и 2 порази,што укажува на нивната очајна форма.
До сега овие две екипи играле два пати,еднаш победила екипата на АЗ и еднаш завршиле без победник.
Benfica-PAOK 1 (1.4)
Вечерва екипата на Бенфика ја пречекува екипата на нашиот јужен сосед ПАОК.Типуваме на екипата на Бенфика која е каде каде поквалитетен противник од екипата на ПАОК.
Бенфика во Португалското првенство се наоѓа на 1-та позиција и во последните 5 натпревари има 4 победи (Гуамареш 1:0.Фереира 0:2,Спортинг 2:0,Маритимо 2:0) и еден нерешен натпревар со екипата на Жил Висенте со резултат 1:1,што укажува на нивната одлична форма.Бенфика и во Лига Европа од предходниот натпревар се во позитива победувајќи го ПАОК со 1:0.
Од друга страна екипата на ПАОК во нивното домашно првенство се наоѓаат на 2-рата позиција и во последните 5 натпревари имаат 2 победи и 3 порази,што укажува на големиот пад на форма што го имаат.
До сега овие две екипи играле 3 пати и два пати биле поуспешни португалците,а еднаш победила екипата на ПАОК.
Ohridnews