Охридските тениски надежи освоија три одличја на турнирот кој се одржа во организација на Тенискиот клуб Охрид.

Павел Стевковски во машка конкуренција се закити со сребрен медал, откако во финалето изгуби од прилепчанецот Петар Пирганоски во два сетови. Пласманот во финалето е голем успех, бидејќи Павел покажа одличен тенис во текот на турнирот.

Во женска конкуренција победи Александра Стефановиќ од Србија, која беше специјален гости на охридскиот клуб. Стефановиќ во финалето ја совлада Ана Стојановски од Охрид во два сетови. На третото место на пиедесталот кај девојчињата се искачи Мина Петреска од Охрид.

Трите одличја и континуитетот на тениските турнири ветува многу за охридскиот тенис, кој полека, но сигурно се пробива.

OhridNews