Охридскиот таеквонди тим „Hwarang Fist“ викендов што измина учествуваше на еден од најсилните турнири на Балканот, кој се одржа во Благоевград, Бугарија.
На турнирот „Фалкон Куп 2014“ учествуваа 40 клубови од седум земји, а Македонија ја преставуваше охридскиот „„Hwarang Fist“ со двајца натпреварувачи. Тимот направи големи напори и со свои финансиски средства беше дел од турнирот, кој прераснува во традиција.
Ангела Јовческа во категоријата борба со замислен противник (1 куп) го освои сребрениот медал исто и во категоријата борби-јуниорки до 52 кг се закити со сребрено одличје.
Филип Јовчески во категоријата борби-постари јуниор до 57 кг го освои бронзениот медал.
Од клубот напоменуваат дека веќе две години немаат никаква помош од локалната власт иако тие се спортски амбасадори и многу повеќе и подобро го претставуваат Охрид на меѓународно ниво.
Ohridnews