Во организација на Федерацијата на училишни спортови на Македонија, а во соработка со Општинскиот стрелачки сојуз од Охрид и стрелачкиот клуб Охрид на стрелиштето Бејбунар се одржа најмасовното Државно првенство во стрелаштво за учениците од основните и средните училишта од целата земја.
Кај девојките од средните училишта, Јана Маркоска од СОУ Св. Климент Охридски, се пласира на втората позиција со резултат од 163 кругови, само за три помалку од првопласираната.
Кај девојките од основните училишта, сребрен медал за Јована Калноска од ОУ Христо Узунов со резултат од 163 кругови.
На третата позиција во истата конкуренција се пласира Мартина Кочовска од ОУ Григор Прличев со идентичен резултат со второпласираната, но со послаба втора серија.
Одличјата од Државното првенство влеваат голема надеж за охридското стрелаштво кој е еден од најплодните спортови во градот.
OhridNews