Изминатиов викенд на стрелиштето во гимназијата во Сандански се одржа седмиот по ред Меѓународен турнир во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма на кој учество зедоа стрелци од повеќе клубови од Македонија и Бугарија.
И на овај турнир охридскиот стрелачки клуб се претстави во најдобро светло, закитувајќи се со три поединечни одличја и екипен пехар.
Во категорија јуниорки, Јована Милевска се пласираше на втората позиција со резултат од 610,2 круга со што ја потврдува својата спортска форма со тенденција на покачување. На шестата позиција во истата категорија се пласираше Ива Маленко со резултат од 381,4 круга.
Во категорија на помлади јуниорки до 15 години, Марија Ангеловска со резултат од 372,8 круга се пласираше на втората позиција. Во категорија помлади јуниори, на третата позиција се пласираше Бојан Спасеновски со резултат од 369,6 кругови. На петтата позиција во истата категорија се пласираше Никола Спироски со резултат од 360,2 кругови. Во категорија на јуниори, со 557,4 круга, Кристијан Џепароски се пласираше на четвртата позиција , зад првопласираните стрелци од СК ,,Стрелец“ од Скопје.
И во екипен пласман, на пиедесталот, трето место за СК,,Охрид“ со ист број на кругови како и домаќинот СК ,,Санел“ од Сандански. Во категорија на сениорки, шансата за пласман меѓу првите три пласирани ја пропушти Јана Маркоска, која со резултат од 601.0 се пласираше на четвртата позиција. Мартина Петровска пак, се пласира на шестата позиција со резултат од 588,6 кругови. После овај Турнир следува пауза од натпреварите до месец Октомври, но стрелците интензивно ќе ги продолжат тренинзите и во текот на летниот период. За две недели пак, ќе завршат и Куп натпреварите за стрелците од национална програма.
OhridNews