Трета победа во исто толку натпревари за охридските кошаркарки.
Во Билјанини Извори совладан лидерот Студент со 72-66. Гостинките беа тие кои подобро се снајдоа на стартот на натпреварот, во вториот период стигнаа и до двоцифрена предност.
По тајм аутот , Балазоска ги презема работите во своие раце во вториот период не само што ја анулираа предноста, туку успеаја и со плус два да заминат на одмор (38-36). Симултанката капитенот Балазоска ја продолжи и во третиот период стигнувајки до 31 поен.
Гостинките предводени од Стојановска (19 п) и Јоловиќ (12 п) успеаа да ја одржат резултатска неизвесност до самиот финиш. На две минути пред крајот гостинките беа на минус два но тројката на Балазоска и поените на Рајчиноска (10 п) го одведоа охридскиот брод во мирни води.
Билјана 006 – Студент 72-66 ( 12-20, 26-16, 19-14, 15-16)
Билјании Извори, Гледачи 50. Судии : Лазаров и Димовски Битола.