Најдобрата македонска кошаркарска репрезентација го задржа максималниот ефект во претквалификациите за Евробаскетот 2021 година победувајќи ја селекцијата на Косово … во третата рунда од групата со 78-68 (29-16, 10-19, 22-12, 17-21).

„Црвено жолтите“ последната задача за осигувањето на првата позиција во претквалификациска група ќе ја имаат во Романија во четвртата рунда. Мечот ќе се одигра следната година.

Избраниците на Јорданчо Давитков маестрално го отворија мечот и ја растурија селекцијата на Косово. Македонските репрезентативци погодуваа се и од секаде, а противниците немаа никаков одговор. Таквиот развој на настанатите им донесе двоцифрена предност (29-16) после десет минути игра.

Нашите кошаркари во втората четвртина безмалку го упрастија сиот труд во воведниот квартал. Шутот затаи, играта во одрабан потфрли, а косовските кошаркари анулираа девет поени за негатива од четири поени на полувремето 39-35.

Работите под контрола македонските кошаркари ги вратија во третиот квартал во кој не дозволија нов пад во играта. Со 10 поени (22-12) ја добија третата четвртина и го вратија водството од првиот квартал.

Во решавачкиот четврти период Македонија го контролираше мечот и во свои раце ја имаше играта. „Црвено жолтите“ со рутинска завршница го спроведоа натпреварот во мирна завршница и конечен триумф 78-68.

Најефикасен во составот на Македонија со 23 беше Трајковски, Витингтон реализираше 15, а 14 уфрли Војдан Стојаноски.

OhridNews