Македонскиот ракометен ас Кирил Лазаров и неговата екипа Атлетико Мадрид со максимален ефект од три победи ја завршија групната фаза на Супер Глоуб турнирот во Катар. Трет противник на кој Лазаров и “јорганџиите“ им го зедоа скалпот беше тимот на Замалек со 29-25.
Македонската седмица Лазаров повторно беше главна фигура во победата на неговата екипа постигнувајќи седум погодоци од кои пет во вториот дел.
Наредниот меч македонскиот репрезентативец Лазарови и Атлетико Мадрид го играат в петок против екипата на Ал Саад.
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com