Ракометарките на Моби Дик ја забележаа третата победа во третиот натпревар во Првата женска ракометна лига совладувајќи ја екипата на Борец со 28-19 (13-8).
Од самиот почетокот охриѓанки го контролираа резултатот и во ниту еден момент не им беа загрозени трите бода. Во охридскиот состав најефикасна со девет погодоци беше Бојана Јованоска со девет голови, Елена Глигорска реализираше седум, а Моника Ристовска застана на пет.
Во четвртата рунда „китовите“ на домашен терен ќе се сретнат со екипата на Кичево.
Мх.П.