“Гладијаторите” славеа во вечерашниот натпревар од 3 коло од Супер лигата против Прилеп на гости 26:30.

Најефикасен во редовите на Охрид беше словенечкиот интернационалец Гал Цирар кој постигна 8 гола, а Орјоникидзе даде 5.

Статистика ГРК Охрид:
Чаневски (2 одбрани), Ојлески 2, Андоновски, Мацуока, Јукиќ 5, Костов, Ристевски (2 одбрани), Бура, Шафранко 4, Кукоски 1, Крстевски, Пешиќ 2, Кукуловски 1, Орјоникидзе 5, Бојаниќ 2, Цирар 8.

Ова беше трета победа на Охрид во исто толку натпревари во новата сезона во Супер лигата. Во следното коло Охрид го пречекува Тиквеш.

Г.М.

Фото: ГРК Охрид