Гостинските екипи имаа маестрално второ коло од пролетната сезона во Општинската фудбалска лига победувајќи на три мечеви кои се одиграа.

Највозбудлив меч се одигра во Мешеишта, помеѓу Славеј – Лакочереј, кој заврши во корист на гостите со 4-3. Победа во меч со седум голови забележа и Вулкан кој со 5-2 славеше против Рудар. Тесен триумф обезбеди Дебрца 2-1 на гостувањето кај Лешани.

Екипата на Св. Петар беше слободна, откако Вапила го откажа понатамошното учество во Општинската фудбалска лига.

Резултати: Славеј – Лакочереј 3-4, Лешани – Дебрца 1-2, Рудар – Вулкан 2-5.

Табела: Дебрца 24, Славеј 21, Лакочереј 14, Вулкан 13, Рудар 12, Св. Петар 9, Вапила 4, Лешани 3.

Фото: Архива
ОhridNews