На заостанатиот натпревар од третото коло во Првата Македонска Кошаркаска лига , охридскиот Амак СП во Куманово со 90-71 го совлада новајлијата во лигата Поп Спорт.

За охриѓани ова беше трет триумф во исто толку натпревари во овогодинешниот шампионат.

На остатнатите натпревари во ова трето коло беа постигнати следниве резултати:

 Торус –  Ф.Работнички 77-86, МЗТ-  Фени индустри  68-71, Карпош Соколи – Вардар 100-91, 
С. Пелистер- Овче Поле  90-75.

Наредниот натпревар во рамките на 4 – то коло Амак Сп ќе го игра во вторник во Билјанини Извори против Пелистер.

М.П.