Во последните 24 часа се направени 1559 тестирања, а регистрирани се 141 нов случаj, на Ковид 19, од кои 3 во Охрид, 2 во Струга, 51 во Скопје, 10 во Струмица…

Починат е пациент од Скопје на 79 годишна возраст.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 94 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 184.097 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 17483, бројката на оздравени пациенти е 14516, на починати е 722, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2245.

OhridNews