Во последните 24 часа се направени 1312 тестирања, а регистрирани се 123 нови случаи на ковид-19, од кои 3 во Охрид.
Состојба со корона вирус 23.07.2020:
-Скопје 54
-Куманово 5
-Дебар 4
-Штип 18
-Прилеп 1
-Тетово 5
-Струга 6
-Битола 2
-Охрид 3
-Гостивар 16
-Крушево 1
-Демир Хисар 1
-Свети Николе 2
-Кичево 4
-Ресен 1
Починати се 3 лица, еден пациент од Скопје и по еден од Дебар и Струмица.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 91015 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9669, бројката на оздравени пациенти е 5145, на починати е 445, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4079.
OhridNews