Три нови случаи на КОВИД-19, 15 оздравени пациенти и двајца починати се регистрирани во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, направени се 1.601 тестирање.

Од новите случаи, сите три се во Скопје, додека од оздравените 15, од Скопје се 6, Прилеп, Битола и Кичево по 2 и Тетово, Неготино и Виница по 1.

Во моментов во Охрид има 14 активни случаи.

OhridNews