Подлогата или “база” за шминка е производ кој треба да го има во торбата на секоја жена. Таа го изедначува тенот и шминката ја прави долготрајна, но за да се извлече најдоброто од овој производ може да се употребува на следниве три начини:
1.Да се нанесе на подрачјето околу очите
Подлогата ќе ви помогне во борбата против уморниот изглед, благо ќе ги осветли подочниците, ќе го спречи разлевањето на шминката и ќе помогне за полесно нанесување на коректорот. Добрата подлога исто така нежно ќе ги исполни ситните бори и ќе ве направи да изгледате помладо.
2.Да се измеша со пудра
Подлогата за шминка можете да ја измешате со вашата пудра, а така ќе добиете природна варијанта на “матирање” на лицето без употреба на камена пудра.
3.Да се подобри изгледот на вашето деколте
Доколку носите деколтиран фустан за некоја посебна прилика, нанесете најпрво подлога за шминка и на вашето деколте. Така кожата ќе изгледа помлада и негувана.