Учениците на часовите по хемија во иднина ќе мораат да ги запомнат имињата на уште три основни хемиски елементи во периодниот систем, откако научниците ги потврдиле нивните имиња. Генералното собрание на меѓународното здружение на чиста и применета хемија, кое се одржало во Институтот за физика во Лондон, ги потврдело имињата на трите нови елементи засновани на нивните атомски броеви 110, 111 и 112. Трите нови елементи се Дармштадиум(Ds), Рентгениум(Rg) и Копенициум(Cn). Елементите биле толку големи и нестабилни што единствено можеле да се створат во лабараториски услови. Станува збор за тешки елементи кои имаат тенденција за радиоактивност, со оглед на фактот што имаат повеќе неутрони отколку протони и брзо се распаѓаат.


Копернициум бил наречен по полскиот астроном Никола Коперник, кој прв ја формулирал теоријата за кружното движење на небесните тела. Атомот прв пат бил откриен во 1996 година кога германските научници судриле цинк и олово, добивајќи тежок радиоактивен елемент. Ренгениумот бил откриен во 1994 година кога германските истражувачи во Хелмхолц центарот креирале три атоми од овој елемент кој името го добил по германскиот физичар и нобеловец Вилхелм Конрад Рентген, кој прв ги произвел и регистрирал елктромагнетните зраци. Дармштадиумот во 1994 година бил откриен од истата група наулници, а добил име по германскиот град Дармштад, каде се наоѓало седиштето на Хелмхолц центарот.