Задоволителни резултати постигнаа атлетичарите на митингот Нови звезди во Софија, Бугарија.

Охриѓанецот Филип Кафтаноски постигна резултат 23.52 на 200 метри, што преставува негов личен рекорд кој сепак беше доволен само за осмо место.

Позначителен резултат оствари Ивана Рожман , која на трката на 100 метри го освои третото место остварувајќи личен рекорд 12.34. Најдобро лично остварување постигна и Кристијан Ефремов 50.16 сек на 400 метри, резултат кој му обезбеди пласман на осмото место.

Резултати :
Ефремов  Кристијан –  400м –   50.16 сек,    8 место,
Јанковски  Јованче  –   Височина   –  185 см,    7 место
Кафтаноски  Филип  –   200м  – 23.52, личен,  8 место
Павловски  Огнен  –  800м –   2:01.60 м – 8 место
Ристеска  Христина  –  400м – 1.00.37 м,   8 место
Рожман Ивана    100м  –   12.34 сек,  личен    3 место