Учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ од Охрид на третиот меѓународен гастрономски натпревар ГастроМак Македонија 2018, кој се одржа во Струмица од 8 до 12 октомври, освоија два сребрени и еден бронзен медал.
Ангел Карбески за приготвување пилешко месо освои сребрен медал, Стефан Aврамоски за приготвување риба освои сребрен медал, додека Христијан Талески освои бронзен медал за приготвување паста. Сите тројца настапија под менторство на професорот Блаже Јорданоски.
Инаку на натпреварот учествуваа јуниори и сениори од повеќе земји меѓу кои Србија, Црна Гора, Турција, Бугарија, Албанија,Русија, Сирија и други. Учесниците се натпреваруваа во приготвување пилешко месо, риба, паста, пица, национални јадења и модерна кујна.
OhridNews