Три момчиња, за кои се мислело дека се мртви, биле пронајдени живи после 50 дена минати на еден чамец во Тихиот Океан. Тие исчезнале од островот Атафа после еден спортски настан, а во потрагата учествувале дури и новозеландските воздухопловни сили. Момчињата, од кои две имаат 15 а едното 14 години, биле сметани за мртви по долгата неуспешна потрага.
Рибарски чамец кој ловел туна случајно наишол на чамецот со момчињата во близина на Фиџи и тие биле префрлени во болница со тешки игореници од сонцето. Момчињата преживеале благодарение на кокосовите ореви кои ги понеле, водата која се собирала на церадата од чамецот и морските птици кои успеале да ги уловат.