Кинеската компанија Lenovo во последните неколку години може да се пофали со одличните резултати кои ги оствари на пазарот за персонални компјутери. Тие објавија приход од 30 милијарди долари за последната фискална година, а за своите заслуги за одличната работа на фирмата извршниот директор на Lenovo доби бонус од 5.2 милиони долари.
По доделувањето на бонусот извршниот директор на Lenovo, Yang Yuanqing направил неочекуван потег односно 3 милиони долари од истиот ги поделил помеѓу работниците од пониските редови на компанијата, а како причина го навел фактот дека нивниот труд ја направил компанијата една од најдобрите во светот.
Како што пренесува CNN, парите ќе бидат распределени на околу 10 000 работници од оваа компанија така што секој од нив треба да добие по 315 долари што за многу работници од Кина е значајна сума на пари која во некои случаи ја надминува нивната месечна плата.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com