Метју Клеменс од Њу Џерси ја признал вината и бил казнет од судот со три месеци затвор, како и 50 часа општокорисна работа. Најголемата казна за такво дело изнесувала две години затвор. Признал дека за време на еден натпревар предизвикал повраќање ставајќи ги прстите во устата.
Тој повратил врз еден полицаец кој се жалел на неговото бучно однесување за време на натпреварот. Полицаецот не бил на должност, а освен врз него Метју повратил и врз ќерката на полицаецот.