Подобрување на квалитетот на живот во рурална средина; Обнова и развој на селата и Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја се трите мерки во рамки на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година кој го објави Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
-Финансиската поддршка за овој Јавен повик се исплаќа по принцип на финасирање на завршени инвестиции од страна на корисникот во висина од 100 % од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестицијата. Право на користење на средствата имаат Единиците на локалната самоуправа која е во рурално подрачје, Единиците на локалната самоуправа на чија територија се наоѓа руралната средина за која се однесува инвестицијата, Централните плански региони и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија, информираат од Секторот за туризам и ЛЕР и Канцеларијата за стручна поддршка на развојот на земјоделството при општина Охрид.
Подетални информации за овој повик, чиј краен рок истекува на 15-ти јуни 2015 година, можат да се добијат на веб страницата на www.ipardpa.gov.mk .
Инаку денеска 31-ви мај истекува рокот за поднесување на барања за директни плаќања – субвенции за 2015 година. Право на користење на средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2015 година имаат земјоделски стопанства запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства кој се води во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
OhridNews