Велосипедистите на „Вело-М“ од Куманово и „Енерџи“ од Скопје со по четири медали се најуспешни на трофејот „Благо Мостро“, кој втора година се одржува и се вози низ улиците на Охрид.
Од домашните натпреварувачи со одличје се закитија тројца велосипедисти и тоа Левент Рифат „З`ш Точак“ сребрен медал во конкуренцијата јуниори. Тандемот од „Екодром“ во кадети Новица Велјаноски и Филип Петрески со сребрен односно бронзен медал.
Резултати :
Сениори :
1. Зоран Ристевски (Вело-М)
2. Стефан Петровски (Вело-М)
3. Ивица Давидовски (Вело-М)
Јуниори :
1. Никола Ѓукиќ (Вело-М)
2. Левент Рифат (З`ш Точак)
3. Драган Којчевски (Енерџи)
Кадети :
1. Кристијан Николов (МВК-Велес)
2. Новица Велјановски (Екодром)
3. Филип Петрески (Екодром)
Мастерс :
1. Љубиша Кондов (Енерџи)
2. Александар Гараџа (Мадел Бал)
3. Љупчо Рафтевски (Мадел Бал)
Девојки :
1. Анета Антовска (Енерџи)
2. Јана Коцевска (Енерџи)
3. Росица Костова (Мадел Бал)
Мх.П.