Охридските теквондисти од клубот „Hwa Rang Itf“ освоија три медали на меѓународниот турнир во Пловдив, Бугарија.

Теквондистите предводени од Мајранчо Лазарески, Александар Митески и Зоран Донев освоија две бронзени и едно сребрено одличје.

Пласман : Антонио Јанески (трето место, пионери  9-11 години до 45кг), Христијан Митрески (второ место, пионери 9-11 години од 60 кг),
Христина Митреска (трето место, пионери 12-14 години 45кг). Искуство плус од турнирот добија Филип Ѓоргиески, Емилија Спироска и Климент Кузманоски.

Од клубот упатуваат голема благодарност до Општината Дебрца и спонзорите кои им овозможија учество на турнирот во Бугарија.

Мх.П.