Во организација на Велосипедска Федерација на Македонија со техничка поддршка на „Спид бајк Кичево„ и „Шампион Систем“ Охрид, вчера во Охрид се одржа натпревар во друмски велосипедизам.

Во најсилната, сениорска конкуренција, победата ја однесе Димитар Јованоски од ВК Енерџи Скопје, пред  Тефик Салахи од Мадал бал Скопје и Андреј Галовиќ од Црвенз Звездда, Белград – Р. Србија.

Во женска конкуренција првото место го го освои Елена Петрова од клубот Инвиктус, пред Дуња Иванова од Енерџи и Андријана Анастасоска од Крос сајклинг. Кај јуниорите победи Александар Милошевски од Вело М, во категоријата Мастерс најбрза беше Александра Гарача од Мадал бал, кај кадетите победи Леон Милетиќ од Вело М, а во конкуренцијата U 15 Константин Костоски од ВК Илинден.

Тимот на „Шампион Систем“ – Охрид се закити со 3 медали во категоријата U 13 (под 13 години)

1 место : Олса Орани
2 место : Симеон Јовановски
3 место : Миа Маџоска
4 место : Хади Исмаилоски
5 место : Марко Шавески
7 место : Јован Кутаноски
9 место : Виктор Опетчески

Како клуб формиран само пред неколку месеци организиравме настан од светски ранг. Благорадни сме на Велосипедската Федерација на Македонија, Општина Охрид и градоначалникок Пецаков и тимот од одделението за спорт за поддршката. Среќни сме што организираме вакви настани и се надеваме дека ќе им дадеме поттик на останатите клубови за организирање на слични настани со цел да се продолжи туристичката сезона и да се врати спортскиот дух кај децата. – изјави за OhridNews Левент Рифат, прв човек на ВК „Шампион Систем“ – Охрид.

На друмската велосипедска трка „Куп на Македонија“ – Охрид 2022, која се возеше од Горица 2 до Охрид, учествуваа 300 велосипедисти.

Г.М.