Изминатиов викенд каратистите на КК САМУРАЈ од Охрид учествуваа на интернационалниот турнир Солидарност Опен во Скопје. Преку 500 натпреварувачи од регионов учествуваа на турнирот. Од 11 натпреварувачи кои настапија, членови на карате клуб Самурај, тројца се закитија со медали. Бронзени медали освоија Илија Левески и  Мартина Петровска, а сребрен Петар Јолакоски.



Наредниот семинар ќе се одржи во Охрид кон крајот на јуни.

М.П.