Двократниот европски првак Вардар во следниве пет дена ќе одиграа три мечеви. Два од трите ќе бидат во фазата по групи во регионалната СЕХА лига, а третиот и последниот против Охрид во СРЦ „Билјанини Извори“, во рамките од плејофот во Супер лигата. 

„Вардарци“ пеколниот натпреварувачки период го започнуваат денеска, со дуелот во Нашице против тимот на Нексе. Мечот се игра во 17 часот. На 19 март, Вардар, на домашен терен силите ќе ги одмери со Мотор Запорожје, а на 19 гостува во Охрид.

„Црвено црните“ во групната фаза од СЕХА лигата имаат две победи и еден пораз, додека во македонскиот шампионат имаа успешен почеток, совладувајќи го Еурофарм Пелистер 2. Охрид, пак, во првата рунда претрпе пораз од Бутел Скопје, а дуелот со „вардарци“ ќе дојде добро за рехабилитација и воигрување на нови комбинации.

OhridNews